Најдобрата британска тенисерка елиминирана на Вимблдон

137

Шампионката од УС Опен 2021 и најдобрата британска тенисерка во моментов, Ема Радукани не успеа да се пласира во третото коло на Вимблдон откако доживеа пораз од француската тенисерка Каролине Гарсија.
Радукану влезе како фаворитка со оглед на пласманот на ВТА листата, но беше буквално „збришана“ од противничката со 6-3 и 6-3.
Уште две фаворитки не успеаа да го поминат второто коло. Гарбине Мугуруза доживеа пораз од Белгијката Гретје Минен, а втората носителка Анет Контавеит (инаку 3 на ВТА ранкингот) експресно загуби од младата германска тенисерка Јуле Нимајер со 6-4 и 6-0.
Анжелик Кербер немаше такви проблеми и ја совлада Линет со 6-3 и 6-3 во сетови.
Во наредната фаза се пласираа Каролина Плишкова, Пегула, Остапенко, Женг, Божкова, Цуренко… Вечерва ќе биде комплетирано второто коло и ќе се знаат сите патници во наредната фаза.

ПретходноПСЖ ги претстави новите дресови за сезоната 2022/23
СледноТотенхем го договори Ленгле од Барса, но не сака да плати 35 милиони