Она што го најавивме пред неколку дена од денеска е и официјално. Имено Емир Скендери (22) младиот напаѓач кој досега беше член на Струга Трим Лум е ново име во редовите на Македонија ЃП.
Со него тренерот Муарем Бајрами има опција повеќе во нападот. Според неговите зборови, до крајот на денот би требало да се завршат и разговорите и со Фахрудин Ѓурѓевиќ, па така и тој да потпише за Македонија ЃП.
Инаку утре “лавовите“ се селат во Банско, каде ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки во пресрет на настапот на евро – сцената.
Закажани се четири пријателски средби, а една од нив ќе биде против Апоел Никозија на 7 јули која ќе се одигра во Благоевград.