Првиот човек на грчката Супер лига Вангелис Маринакис дал предлог во иднина финалињата на фудбалскиот куп да се играат надвор од Грција, во држави каде што живеат Грци. Системот на натпреварување во купот ќе остане ист како и минатата година, со тоа што финалето да се игра надвор од Грција, а предлогот бил финалето во сезоната 2022/23 да се одигра во Њујорк.
Во „Големото јаболко“ живеат многу Грци па со ова тие ќе имаат шанса да ги гледаат грчките клубови во живо. Се зборувало и за други градови за идните изданија на Купот, а финалето во сезоната 2023/24 може да се игра на Кипар.
Инаку актуелен освојувач на Купот на Грција е Панатинаикос кој го финалето го совлада ПАОК со 1:0.