ФК Тетекс летово доби комплетно ново раководство. Од претседател, преку директор, па се до тренер, во таборот на „Штофарите“ има комолетно нови лица.
Но проблемите кои настанале за време на претходната структура очигледно дека не исчезнале со заминувањето на поранешниот раководен кадар на клубот па сега од ФК Тетекс излегуваат со соопштение во кое се оградуваат од она што се случувало порано, и дека кореспонденцијата со фудбалерите сегашни и поранешни на тема долгови не се нивен проблем туку проблем на оние кои до неодамна го воделе клубот.
„ЗАКАНИТЕ ВИ СЕ НА ПОГРЕШНА АДРЕСА!!!
Упатуваме апел до сите фудбалери кои следната сезона нема да бидат дел од ФК Тетекс, за се што се договарале со старото раководство, да се обратат кај нив, односно кај раководството што ги распродаваше клупскиѕе интереси и кои го оставија клубот со исклучена струја и долгови од околу 2 милиони денари. Истовремено упатуваме апел до старото раководство и до луѓето блиски до нив дека заканите кон ченовите на УО и Претседателот на ФК Тетекс и за нивните приватни бизниси ќе бидат пријавени кај надлежните институции. Заканите на поранешниот шеф на стручен штаб дека “сите негови судии следната сезона ќе судат на штета на ФК Тетекс”, ќе бидат проследени до ФФМ за да се утврди кој навистина “ги поседува овие судии” и на кого точно тоа се однесува.
За сите закани и искажани невистини од страна старото раководство, луѓето блиски но нив и екс шефот на стручниот штаб ќе биде известена МВР.
Можеме само да им порачаме да си го сервисираат долгот кој го оставија на клубот.
п.с. Оставете не да работиме на раат за доброто на клубот„ – се вели во сооштението на клубот.