Баерн од Лил ќе го донесе наследникот на Левандовски?

259

Германски „Спорт Билд“ објави дека Џонатан Давид од екипата на Лил е најсериозен кандидат за заменик на Роберт Левандовски во Баерн (М), доколку на крајот Полјакот, сепак, остане на својата првична најава за заминување од Минхен.

Бундеслигашот очекува подобрена понуда од Барселона за Левандовски. Третата понуда на Барселона за Левандовски се очекува да биде со почетни 40 милиони евра без бонуси, надомест што е блиску до проценката на Баерн од 50 милиони евра за 33-годишниот фудбалер.

Баерн сега го ставил Давид на својата листа како потенцијална замена за Левандовски. Тој е најсериозниот кандидат во моментов, но во игра е и напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ.

ПретходноПо маратонско патување, кошаркарскиот тим пристигна во Сарагоса (ФОТО)
СледноОва е изгледот на топката со која ќе се игра новата сезона во Премиерлигата (ФОТО)