Чекаше една година за да се појави на терените, тоа го дочека синоќа во меч од 1.коло на Вимблдон, но веднаш беше елиминирана од Хармони Тан, релативно непозната тенисерка во светот на спортот.
Серена загуби со 1:2 во сетови, на турнирот на кој некогаш беше речиси непобедлива.
Со оглед на возраста и нејзината моментална форма, се поставува прашањето дали синоќешниот меч беше и последен во нејзината кариера на славниот Вимблдон, или пак последен и во нејзината кариера воопшто.
На пресот веднаш по поразот од Тан, Серена посочи дека има кај нејзе мотиви за продолжување на кариерата, но за тоа допрва ќе види.