Дарко Чурлинов има понуда од Хофенхајм

569

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред раскрсница во неговата кариера. Одработи солидна позајмица во Шалке 04, а летово мора да се јави на прозивка во неговиот матичен клуб Штутгарт.

Ситуацијата со него не е кристално јасна, затоа што Штутгарт олигледно нема јасна слика дали ќе му даде сериозна шанса во првит единаесет, иако Чурлинов покажа дека е кадарен за такво нешто. Затоа, ги разгледува опциите за негова продажба кои реално ги има неколку.

Најсериозната е, како што дознава Спортмедиа, онаа на Хофенхајм, која што сеуште не ја достигнала максималната сума која што Штутгарт ја бара за Чурлинов, но преговорите се во тек.

Од друга страна нашиот репрезентативец на стартот на следната недела треба да се појави во клубот, па потоа некои работи ќе бидат далеку појасни.

 

ПретходноБлагоја Тодоровски го засилува Скопје
СледноОдби нов договор со ПСЖ и потпиша за ПСВ