Тимот на Победа Прилеп вчера под водство на новиот тренер Бобан Бабунски ги стартуваше подготовките за новата сезона во која се планира да се остварат зацртаните цели и амбуции. Тоа во прв ред е клубот да застане на здрави нозе од организациски и резултатски план, да се биде стабилен прволигаш, а со помош на бројната публика да се освојат што е можно повеќе бодови со што Победа би била фактор во горниот дел од табелата.
Во таа насока се и првичните потези на новиот тренер и управата кои го доведоа искусниот Тоше Делов како засилување на стоперската позиција. Делов досега беше дел од тимот на Тиквеш.