Рускиот фудбалски првак Зенит од Санкт Петербург и бразилскиот Коринтијанс направија размена на фудбалери, поточно се договорија двајца играчи од бразилскиот клуб да се преселат во Санкт Петербург, а еден од редовите на Зенит да отиде во редовите на клубот од Сао Пауло.
Па така нови играчи на Зенит се голманот Иван Кварезма да Силва и играчот од средниот ред Густаво Мантуа кои доаѓаат на позајмица, додека во спротивен правец на позјмица оди напаѓачот Јури Алберто.
Иван е екс-играч на Понте Прета, а во редовите на Коринтијанс дојде во јануари оваа година. Мантуан има 21 година и е дете на Коринтијанс.
А Алберто пред да дојде во Зенит играше за бразилските великани Интернасионал и Сантос.
Инаку Зенит засега има шест Бразилци. Рускиот првак ова лето се засили уште со десното крило Зелимкан Бакаев кој дојде од Спартак Москва. Клубот го напуштија голманот Станислав Критсјук, напаѓачот Артем Ѕјуба и играчот од средниот ред Магомед Оздоев.