Кошаркарите „летнаа“ за Сарагоса (ФОТО)

185

Македонската кошаркарска репрезентација тргна за Шпанија, каде на први јули во Сарагоса ќе ги одмери силите со актуелниот светски првак во рамките на првата квалификациска фаза за пласман на Светското првенство 2023 година. Селекторот, Драган Бајиќ одбра 12 кошаркари, од списокот отпаднаа Николов и Какруки, а шанса ќе добијат младиот Стефанов и Ташевски. Нашите кошаркари од Скопје ќе летаат за Истанбул од каде ќе се упатат до Мадрид. До крајната дестинација Сарагоса ќе патуват уште три часа, па некаде после 20 часот треба да пристигнат во хотел. Предвидени се три тренинзи, два на 30 јули и еден (утрински) на денот на одигрување на мечот со Шпанија, кој е закажан во 19:30 часот во Арената „Павиљон Принц Фелипе“.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМиовски и официјално во Абердин (ВИДЕО)
СледноСега веќе нема дилеми: Алиоски потпишува за Трабзонспор!