Антоан Гризман следната сезона ќе игра за Атлетико Мадрид. Според весникот „Марка“, клубот од престолнината денеска ја активирал втората година од позајмицата како што е предвидено во клаузулата од договорот потпишан минатото лето.
Откако ќе заврши оваа втора година од позајмицата, Атлетико ќе има опција за 40 милиони евра да го откупи комплетниот договор на Французинот. Французинот сезонава постигна 8 гола на 36-те натпревари на кои учествуваше.