Фановите на Интер го чекаа синоќа, но Ромелу Лукаку во Милано пристигна утринава во 6.30 часот. Денеска е голем ден за него, прво треба да се минат лекарските прегледи а потоа и да се официјализира неговото враќање во таборот на „неро – аѕурите“. Дека е среќен што се врати на „Меаца“ говори и неговата насмевка при пристигнувањето во Милано, за разлика од својот престој во Челзи.
“Пресреќен сум што сум тука“ беа првите негови зборови на аеродромот во Милано каде имаше разговор со неколку фанови на Интер.
Romelu #Lukaku is back! Via alle visite mediche e poi la firma: il ritorno all'#Inter può avere inizio ⚫️🔵✅ pic.twitter.com/riQDutmC36
— Daniele Mari (@marifcinter) June 29, 2022