Одби нов договор со ПСЖ и потпиша за ПСВ

427

Младиот и перспективен фудбалер од средниот ред Чави Симонс одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и го напушти „Паркот на принцовите“ за да потпише договор со ПСВ Ајндховен.
Некогашниот младинец на Барселона е свесен дека ако остане во ПСЖ нема да се изнаигра во првиот тим, па одлучи да направи потег со тоа што оди во холандската Ердивизија и да игра за ПСВ каде што сигурно ќе добие минутажа.
ПСВ го очекуваше 19-годишниот талент на позајмица, а на крајот се пофали дека потпишале со фудбалерот петгодишен договор.
Симонс одигра девет натпревари во првиот тим на ПСЖ во сезоната 2021/22, додека имаше импресивен ефект во младинската ЛШ за парискиот клуб.

ПретходноДарко Чурлинов има понуда од Хофенхајм
СледноЃоковиќ лесно до третото коло на Вимблдон