Славчо Георгиевски денеска ќе прозива на Автокоманда!

2123

Како што дознаваме, нашиот некогашен репрезентативец Славчо Георгиевски – Тупан е новиот шеф на стручниот штаб на Скопје, на прволигашот од скопската населба Автокоманда. Она што се шпекулираше низ фудбалските кулоари деновиве, денеска попладне од 17 часот треба да биде и официјално потврдено. Имено за попладне е закажан собирот на “пиратите“ и старт на подготовките, а Тупан треба да ја изврши прозивката.

Да кажеме дека Георгиевски досега беше тренер на Тетекс, тимот го водеше успешно, тетовци сезоната ја завршија веднаш зад фаворитите во ВМФЛ – ЗАПАД Силекс, Воска и Вардар, а сега пред него ќе биде нов предизвик, прволигашки.

Тој доаѓа на местото на Љупчо Марковски – Калц кој пак го презеде Работнички.

ПретходноДали Серена Вилијамс за последен пат настапи на Вимблдон!?
СледноПобедничко селфи од Оран: Селекторот со медалистите Нуров и Егоров