Струга ТЛ со големо засилување: Го донесе албанскиот интернационалец Гавазај!

621

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум денеска го комплетираше трансферот на Енис Гавазај, фудбалерот роден во Призрен, но е поранешен младински албански репрезентативец.

Тој игра на позицијата лево крило, а има големо искуство со оглед дека поминал низ многу европски и албански клубови. Почнал во младинскиот погон на Приштина, па продолжил во белгиски Гент, од таму играл за Роселаре, па во Скендербег, па во рускиот Енисеј, белорускиот Динамо Минск, па во албански Кукс, па косовска Приштина, а минатата сезона ја помина во Динамо Тирана.

ПретходноНадал: Не знаев дека може да се игра и со позитивен тест на коронавирус
Следно„Пандевци“ поразени од ЦСКА 1948 на контролен меч во Банско (видео)