ФИФА потврди: Стефан Деспотовски ќе игра повторно за Македонија

2501

Спортмедиа дознава дека во ФФМ денеска пристигна потврда од страна на ФИФА дека Стефан Деспотовски и официјално ќе добие одобрение за промена на спортскиот пасош и ќе има право на настап повторно за репрезетацијата на Македонија.

Стоперот како што веќе неколкупати пишавме во минатото имаше настапи за Македонија, но потоа премина во таборот на Србија каде што е и израснат и настапи во квалификациите за У17 односно У19 генерациите.

Сепак, на инсистирање на Фудбалската Федерација на Македонија, Деспотовски повторно е достапен за Македонија, со што ние добиваме огромно засилување за следниот У21 циклус.

 

ПретходноВања Вучичевиќ ќе „стрела“ за МЃП
СледноЧелзи го договори Рафиња, се чека на Стерлинг