Челзи го договори Рафиња, се чека на Стерлинг

168

Иако го нема веќе Роман Абрамович, иако ја нема ниту директорката Марина Грановскаја, се чини дека Челзи и со новиот газда Тод Боли, ќе биде клуб кој ќе биде активен на пазарот во секој преоден рок.

Па така откако се ослободија од Ромелу Лукаку, “сините“ веднаш го договорија Рафиња од Лидс, напаѓачот за кого беше силно заинтересирана и Барселона. Трансферот е готов, а Челзи се согласил да му плати на Лидс 64 милиони евра.

Додека личните услови со самиот фудбалер веќе одамна биле договорени.

Инаку Челзи не крие дека е во завршни разговори и со ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија, Рахим Стерлинг. И тој би требало ова лето да “слета“ на “Стемфорд Бриџ“.

ПретходноФИФА потврди: Стефан Деспотовски ќе игра повторно за Македонија
СледноЈан Вондра ја засилува Шкендија