Чешкиот интернационалец Јан Вондра е новиот дефанзивец на тимот на Шкендија. Она што го најавија тетовци се остварува носат сериозни засилувања на сите позиции, и прават тим кој е достоен да се бори за ПМФЛ титулата следната сезона.
Покрај тоа, Шкендија планира да има долго европско лето и да наплати што се вели за се што ќе одработи на терен.
Вондра има преку триесет настапи за младинските репрезентации на Чешка, доаѓа од тимот на Бохемианс, а ја има минато младинската школа на Спарта Прага.