Дали Серена Вилијамс за последен пат настапи на Вимблдон!?

203

Чекаше една година за да се појави на терените, тоа го дочека синоќа во меч од 1.коло на Вимблдон, но веднаш беше елиминирана од Хармони Тан, релативно непозната тенисерка во светот на спортот.

Серена загуби со 1:2 во сетови, на турнирот на кој некогаш беше речиси непобедлива.

Со оглед на возраста и нејзината моментална форма, се поставува прашањето дали синоќешниот меч беше и последен во нејзината кариера на славниот Вимблдон, или пак последен и во нејзината кариера воопшто.

На пресот веднаш по поразот од Тан, Серена посочи дека има кај нејзе мотиви за продолжување на кариерата, но за тоа допрва ќе види.

ПретходноПродолжува сагата околу Нејмар…
СледноСлавчо Георгиевски денеска ќе прозива на Автокоманда!