Надал: Не знаев дека може да се игра и со позитивен тест на коронавирус

771

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во второто коло на Вимблдон по победата над Франциско Серундоло со 3:1 во сетови, а по мечот одговараше на прашањата на новинарите но и зборуваше за случаите на коронавирусот кои се појавија.

Марин Чилиќ и Матео Беретини претходно испаднаа поради позитивен тест на коронавирус, а еден од присутните новинари констатираше дека на Беретини му е речено дека може да игра доколку сака, но тој одлучил да се повлече и да не доаѓа во контакт со другите играчи.
Кога ќе се кажат такви рработи лесно е да се направи конфликт, а прво треба да бидеме сигурни дека постои основа за тоа. Ако не се лажам, немаше случаи на Ковид на Ролан Гарос. Ги немам сите информации за да изразам јасно мислење за тоа, а подобро е да не зборувам за работи со кои не сум запознаен. Информацијата која ја имам, а не знам дали е точна, е дека играчот може да одлучи дали сака да се тестира доколку има некои симптоми. Ако сакаш да се тестираш и тестот биде позитивен, тогаш нема да играш.
Меѓутоа ако сега вие ми велите дека можеш да продолжиш да играш иако си позитивен, навистина не знам. Единствено што знаев е дека можеш да одлучиш дали сакаш да се тестираш доколку не се чувствуваш добро“, кажа шпанскиот тенисер кој во наредното коло ќе игра против Литванецот Рикардас Беранкис.

Претходно„Лавовите“ го потврдија и Ѓурѓевиќ
СледноСтруга ТЛ со големо засилување: Го донесе албанскиот интернационалец Гавазај!