Англиската Премиерлига денеска и официјално ја промовираше топката со која ќе се играат натпреварите во новата сезона. Станува збор за новиот модел над „Најк“ што според првите коментари заслужува чиста „5-ка“.
Новата сезона на Премиерлигата започнува во август, а годинава се прославуваат 30 години од почетокот на овој формат на натпреварување. „Најк“ направи топка која од страните има големи знакови Х, а како и да погледнете гледате три Х знаци, што протолкувано со римскиот број ХХХ преставува 30, колку што и години прославува Премиерлигата.
How stunning is this ball!? 😍https://t.co/02iGTP1hEl
— FourFourTwo (@FourFourTwo) June 29, 2022