Спектакуларно: На “Бернабеу“ ќе се игра и Американски фудбал, тенис, кошарка…(ВИДЕО)

277

Веќе извесно време “Сантијаго Бернабеу“, стадионот на Реал Мадрид, се реновира. Иако на него “кралевите“ минатата сезона играа, сепак сеуште не е до крај готов. А дека новиот “Бернабеу“ ќе биде и повеќе од фантастичен, спектакуларен тоа е јасно. Посебно по последните информации на “Марка“ и останатите светски медиуми кои потенцираат дека на овој стадион наскоро, покрај фудбал, ќе може и да се играат и уште неколку спортови како Американски фудбал, потоа тенис, кошарка, за концерти да не правиме муабет.

Но за ова ќе почекаме до јуни следната година кога и официјално новиот „Сантијаго Бернабеу“ и целосно ќе биде готов и ќе биде пуштен во употреба со сиот свој капацитет.

ПретходноСега веќе нема дилеми: Алиоски потпишува за Трабзонспор!
СледноНасмевката говори многу: Лукаку утринава пристигна во Милано! (ВИДЕО)