Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум денеска го комплетираше трансферот на Енис Гавазај, фудбалерот роден во Призрен, но е поранешен младински албански репрезентативец.
Тој игра на позицијата лево крило, а има големо искуство со оглед дека поминал низ многу европски и албански клубови. Почнал во младинскиот погон на Приштина, па продолжил во белгиски Гент, од таму играл за Роселаре, па во Скендербег, па во рускиот Енисеј, белорускиот Динамо Минск, па во албански Кукс, па косовска Приштина, а минатата сезона ја помина во Динамо Тирана.