Докторите контра Надал: Ако навистина има таква повреда, нема да може да одигра ни еден сет

1512

Рафаел Надал долго време изјавува дека се мачи со болеста и проблемот со болките во стапалото. Заедно со името на шпанскиот ас, на листата на повреди често се додава и синдромот Милер-Вајс, што е тешко заболување.

Рафа почесто од претходно се жали на болки, на тоа што не може да оди, а сепак на теренот издржува четири-пет часа со висок интензитет е навистина чудно.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ објави анализа на двајца ортопеди кои се сомневаат дека Надал има Милер-Вајсов синдром. Тоа е болест која ги напаѓа коските на стапалата и предизвикува силна болка при секое движење. Тоа подразбира дисплазија на скафоидната коска во стапалото и има дегенеративна природа.

„Таа болест и врвните спортови не можат да одат заедно. Мислам дека нема некроза на коските, бидејќи таа болест напредува и тешко е да се занимавате со врвен спорт неколку часа“, изјави еден од докторите за Зидојче цајтунг.

Друг лекар смета дека дозата на лекови потребна за да се умртви таквата болка би била преголема. Надал во неколку наврати изјави дека ги користи овие лекови како помош за да може да игра.

„Тој не би можел да продолжи да игра повеќе од еден сет. Тешко ми е да поверувам дека има структурно оштетување на коската ако постојано се изложува на неверојатните напори како врвен спортист. Исто така, синдромот Милер-Вајс се јавува и на двете страни на стапалото“.

ПретходноЧетворица Албанци, Шпанец и Романец ја ограбиле куќата на Роналдо на Ибица!
СледноШтипјани договорија шест пријателски средби