Прв работен ден: Валтер стартуваше со работа во Е. Пелистер (ВИДЕО)

243

Новиот тренер на Е. Пелистер, Ларс Валтер денес го одработи првиот ден како предводник на битолскиот клуб. Тој пристигна во Македонија, одржал работни состаноци со клупските структури, директорот Димитар Митревски, своите помошници, стручниот и медицинскиот тим и го зазеде своето место во клупските простории.

Валтер и стручниот тим ги дефинирале етапите од подготвителниот период, кој започнува на 20 јули во Битола. Претходно сите ракометари ќе минат медицински тестови. Централната фаза „пелистерци“ ќе ја минат во Маврово од 25 јули. Според клупското соопштение, било разговарано и за комплетирање на играчкиот кадар за сезоната 2022/23 и во тој правец клубот ќе доведе уште неколку засилувања.

Официјалната промоција на тимот е закажана за 19 јули, кога ќе бидат промовирани и новите лица и новите дресови. Презентацијата на Ларс Валтер како нов тренер на Еурофарм Пелистер е предвидена по првите тренинзи во Битола.

ПретходноПоп Ацев заврши 17-ти на 25-километарскиот маратон на СП во Будимпешта
СледноРишарлисон е на прегледи, попладнево ќе стане ново засилување за Тотенхем