Четворица Албанци, Шпанец и Романец ја ограбиле куќата на Роналдо на Ибица!

5158

Шест лица се уапсени денеска како осомничени дека го извршиле грабежот во куќата на поранешниот бразилски фудбалер Роналдо, од каде беа украдени 3 милиони евра.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Верати, престојувал во куќата на Роналдо на Ибица, но не бил дома кога крадците влегле во понеделникот, дознава „Франс прес“.

Две лица се уапсени на пристаништето Денија во источна Шпанија, а уште четири се криеле на југот на Малага. Според шпанските медиуми, од шестмината уапсени, четворица се Албанци, додека останатите, Шпанец и Романец.

Тие доста добро ја организирале кражбата искористувајќи го заминувањето на Верати од куќата и украле скапоцености вредни околу 3 милиони евра. Дел од оваа вредност била готовина, додека останатиот дел биле накит и вредни предмети.

ПретходноРишарлисон е на прегледи, попладнево ќе стане ново засилување за Тотенхем
СледноДокторите контра Надал: Ако навистина има таква повреда, нема да може да одигра ни еден сет