Штипјани договорија шест пријателски средби

330

Стручниот штаб на штипска Брегалница ги договори шестте пријателски натпревари согласно планот и програмата за летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ ќе имаат шест тест-дуели како подготовка за новата сезона. Првиот пријателски натпревар ќе биде на 5 јули со новиот прволигаш прилепска Победа и ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип, како прво претставување на новиот тим на Брегалница за сите свои фанови.

Потоа ќе следат натпреварите со Работнички (9 јули) и српскиот прволигаш Трајал од Крушевац, Србија (14 јули), како и со Академија Пандев на 23 јули. На 27 јули ќе следи и контролниот натпревар со гевгелиски Кожуф, а генералката пред стартот на сезоната ќе биде на 31 јули со гостувањето против Беласица во Струмица на прославата на 100-годишнината од формирањето на струмичкиот клуб.

Во меѓувреме продолжуваат подготовките на тимот во Пехчево, кои ќе бидат заокружени на 5 јули токму со пријателскиот дуел со прилепска Победа кој ќе се игра во Штип.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

5 јули: БРЕГАЛНИЦА – Победа Прилеп

9 јули: Работнички – БРЕГАЛНИЦА

14 јули: БРЕГАЛНИЦА – Трајал Крушевац (Србија)

23 јули: БРЕГАЛНИЦА – Академија Пандев

27 јули: Кожуф – БРЕГАЛНИЦА

31 јули: Беласица – БРЕГАЛНИЦА (прослава на 100 години од формирање на струмичкиот клуб)

ПретходноДокторите контра Надал: Ако навистина има таква повреда, нема да може да одигра ни еден сет
СледноНајдобриот кошаркар на Шарлот уапсен во ЛА, ден пред да потпише максимален договор