Иако се прости од фановите на Јуве, и тоа со плачење, иако имаше речиси договор во рака со Интер, го сакаше и Милан, се чини дека последните денови се случува нешто сензационално во врска со Пауло Дибала, репрезентативецот на Аргентина и досегашен член на Јувентус.
Имено неговиот менаџер е во преговори со клубот од Торино, напаѓачот да се врати, поточно да продолжи да игра за Јуве.
Ова доаѓа откако Интер и дефинитивно се “оладил“ од овој трансфер, па така сега Дибала веројатно “моли“ да игра за Јуве за 5 милиони евра годишно, сума за која не сакаше да чуе откако му беше понудена од страна на “црно – белите“ од Торино.
Сега на потег е Јувентус.