Ракометната репрезентација на Словенија пред време го заврши настапот на Медитеранските Игри. На официјалната страница на тамошната федерација соопштија дека седум играчи се позитивни на Ковид-19, откако претходно двајца имале симптоми на вирусот.
Па токму затоа за нив Медитеранските игри се завршени. Словенија е во група со Египет, Србија, Тунис и Италија. До овој момент имаа два порази, од Србија и Тунис, исто како и македонската ракометна репрезентација во Алжир допатува со млад состав.