Кошаркарите се „запознаа“ со Арената „Принц Фелипе“ (ФОТО)

111

СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација утринава го одработи првиот од трите предвидени тренинзи во Арената „Павиљон Принц Фелипе“, каде утре ќе го одмери силите со актуелниот светски првак Шпанија во рамките на првата квалификациска фаза за место на Светското првенство 2023 година.

По долгиот пат, нашите кошаркари имаа време да се одморат и да соберат сили за пресметката со силната Шпанија, која ќе има голема поддршка од трибините.

Драган Бајиќ, утринава се одлучи за полесен тренинг, додека поладне ќе се работи на завршната тактика. Иако не сме фаворити на дуелот со Шпанија, сепак кошаркарите го немаат загубено мотивот, ќе дадат се од себе.

Македонија по четири одиграни натпревари има четири порази, додека пак противникот има максимален ефект.

Дуелот Шпанија-Македонија стартува во 19.30 часот.

ПретходноМИ 2022: Македонија на Лазаров на мегдан со силната Шпанија
СледноБраво за Македонецот: Селекторот на САД дозволи настап на фудбалерка со хендикеп! (ВИДЕО)