Леброн Џејмс (37), кошаркарот на ЛА Лејкерс, важи за еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Минатата сезона сака што побргу да ја заборави, но затоа во следната тој ќе атакува на својата петта титула. И токму затоа, заедно со уште неколку познати кошаркари, тој во Њујорк жестоко тренира, се со цел да биде во топ форма во пресрет на сезоната 2022/23 која за него ќе биде јубилејна 20-та во НБА.
Од видеото можеме да видиме дека Леброн е оној „стариот“ кој воодушевува со својата сила и секако знаење, па тој „пука“ од сите оружја што се вели.
Секако во преден план е забивањето.
Ова е тој Леброн што сите го знаеме…
This man is 37. Insanity.
(via @Cbrickley603) pic.twitter.com/rj9nBGVw5X
— Legion Hoops (@LegionHoops) June 29, 2022