Македонија загуби од Турција на стартот на МИ

127

Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена на стардот на Медитеранските игри од Турција со 27:34. Турчинките кои се дојдени со комплетен сениорски состав го скршија отпорот на нашата репрезентација која е комбинација од кадетско-младинска.
Во првиот дел се играше гол за гол се до 9:9 по што Турчинките се одлепија на 9:12. Следуваше ново изедначување по што противничките на полувреме заминаа со 16:19.
На стартот на второто полувреме Турчинките заиграа посигурно и поефикасно, направија 16:22 со што беше јасно каде ќе заминат бодовите. Во еден момент Турчинките имаа водство и од девет голови разлика, за на крајот да победат со седум.
Во македонскиот состав најдобри стрелци беа Кипријановска со шест и Џатевска со пет гола. Утре Македонија ќе се сретне со Србија.

ПретходноФК Пелистер потпиша соработка со португалската Бенфика
СледноБлажевски, Трајковски и Ристовски добија признанија од Општина Кисела Вода