Македонија ЃП е во Банско, следуваат тест дуели со АПОЕЛ, Стеауа,….

172

Екипата на Македонија ЃП од бенеска е во Банско, Бугарија каде што ги продолжува подготовките за новата сезона во ПМФЛ како и настапува во квалификациите во Лигата на конференции.
„Лавовите“ веќе одиграа неколку тест натпревари но сите беа во Македонија, сега се пресели во Банско каде се закажани неколку дуели со силни противници.
Првиот дуел е во сабота против Мавлон од Нигерија. На 7 јули закажан е дуел со повеќекратниот кипарски шампион АПОЕЛ, три дена подоцна ќе играат против романска Политехника, а на 13 јули закажан е меч против романска Стеауа.
Потоа Македонија ЃП ја очекуваат дуелите со ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

ПретходноГостивар ги претстави новите дресовите под мотото: „Не се плаши од духови, плаши се од Гостивар“
СледноДимитриоски е нов ракометар на Атлетико Ваљадолид