СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева
Македонската кошаркарска репрезентација и на претпоследната квалификациска средба за пласман на СП 2023 година е некомплетна. Веќе една година овој национален тим не се покажа во вистинското светло.
Иако е вака сепак, мотивот во нашите редови е голем. Искусните кошаркари ќе се обидат да го повлечат помладите. Противникот е познат, Шпанија без разлика со кој состав ќе се појави е еднакво силна. Анализата е направена, нашите репрезентативци добро знаат на што треба да внимаваат.
„Искрено, бевме задоволни од енергијата со која излеговме на терен и карактерот што го покажавме во големи делови од тој натпревар. Сепак, против себе имавме голема репрезентација способна да ја казни секоја наша грешка и дозволивме во финишот да стигнат и до преубедлива победа. Она кон што треба да се стремиме утре е да одиграме квалитетно, но да не дозволиме падови во текот на целиот меч бидејќи ривалот ќе знае како да го искористи тоа доколку ни се случи“, истакнува Мекиќ.
Дуелот меѓу Шпанија и Македонија е закажан со почеток во 19:30 часот.