Доцна попладнево од 18 часот, во својот трет меч на МИ во Оран, нашата ракометна селекција предводена од селекторот Кирил Лазаров ќе ги одмери силите против силната Шпанија. Без разлика со кој состав настапува, повеќе од јасно е дека „фуријата“ е квалитетен тим, репрезентацијата со највисоки амбиции.
Сепак нашите момци на минатите два меча, убедлива победа над Грција и реми со Алжир, покажаа дека имаат квалитет за уште еден добар настап.
Македонија се наоѓа во групата Б, а покрај денешниот меч со Шпанија ја очекува и дуел со Турција утре. Ако сакаме да биде најмалку втори и со тоа да избориме пласман во полуфиналето, тогаш денеска треба да се дојде до добар резултат а утре да ги победиме Турците.
Од друга страна, женската ракометна селекција денеска од 11 часот ќе го има својот прв настап на овој турнир на МИ во Оран, противник ќе ни биде селекцијата на Турција.