МИ 2022: Ракометарите претрпеа убедлив пораз од Шпанија

281

Машката ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз во третиот настап на Медитеранските Игри во Оран, Алжир. По стартната победа над Грција и ремито со Алжир, момците на селекторот Кире Лазаров наидоа на силен ривал во името на Шпанија, која не остави практично без шанси за добар резултат уште во втората половина од првото полувреме. На крајот резултатот гласеше 31:22. 

Мечот го отворивме во егал и така беше се до резултат 4:4. Шпанците полека почнаа да се одлепуваат на два гола разлика, за до крајот на првиот дел направат рекордни +6 за конечни по првото полувреме, 14:8.

И во вториот дел работите не одеа многу подобро за нас. Шпанија одигра цврсто во одбраната, ние имавме само половични решенија во нападот, а по одземена топка, Шпанија брзо формираше контра и ја полнеше мрежата на Кизиќ и Гогов. До крајот Шпанците го привршија мечот со преубедливи 31:22.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Серафимов кој постигна 8 гола.

ПретходноНајдобриот кошаркар на Шарлот уапсен во ЛА, ден пред да потпише максимален договор
СледноБарса продаде ТВ-права за 25 години, за да го покрие минусот од 150 милиони евра!