Рафаел Надал успеа да ја мине и 1/32 фаза од овогодинешниот Вимблдон победувајќи го Рикардас Беранкис од Литванија, инаку 106 АТП играч со конечни 3:1.
Дуелот беше на момент прекинат поради дожд но тоа на Надал не му пречеше да одигра на потребното ниво и да оствари очекуван триумф.
По стартните 2:0 (6:4,6:4) дојде до мал пад на неговата игра во третиот сет (4:6), но шпанецот се поправи во четвртиот и воедно и последен сет од овој дуел.