Игор Трајковски и официјално е нов член на РК Скопје, на клубот кој следната сезона ќе настапува во нашата елитна ракометна лига. Преговорите меѓу кружниот напаѓач и раководството на РК Скопје заврши успешно и тој утринава, преку социјалните мрежи на клубот, беше и официјално промовиран.
Битолчанецот во својата кариера беше член на Пелистер, Еурофарм Работник, Струга, Радовиш а има и интернационална кариера, играше во Финска.