Скандалозно: Амбасадорот на Катар сакал да тепа тренери и родители во фудбалска академија во Скопје (ВИДЕО)

1968

Лице кое се претставило како вршител на должноста амбасадор на Катар во Македонија, Јасим Бин Хамад Ал-Тани, предизвикало страшен инцидент во фуидбалската академија „Парк“ која работи непосредни пред Националната Арена во Скопје.

Според тоа што може да се види на снимка објавена на социјалните мрежи, извесниот Ал-Тани предизвикал сериозен инцидент откако се обидел физички да се пресмета со тренерите во фудбалската академија каде што тренирал неговиот син, во генерацијата 2014 година, пренесува Нетпрес.

Тој на крајот од тренингот, заедно со членовите на своето обезбедување, влегува на теренот и почнува да ги напаѓа тренерите. На неговата агресивност реагирале останатите присутни родители, со кои Хамад Ал-Тани потоа почнал да се пресметува.

ПретходноВалверде се врати на кормилото на Атлетик Билбао
СледноМакедонските кошаркари ги освојуваат срцата во Сарагоса (ФОТО)