Експерти му даваат на Шкупи 30,5% шанси дека ќе игра во групна фаза

1420

Фудбалски експерти од Швајцарија задолжени за обработка на податоци на УЕФА ранг листите сметаат дека шампионот на Македонија Шкупи има 30,52 отсто шанси оваа сезона да игра во групите на едно од трите европски натпреварувања.
Заклучокот е изведен на основа на повеќегодишниот ефект во европските купови, како и разни алгоритми кои во минатото се покажале како точни. Откако ќе се внесат сите параметри, компјутерот пресметува проценти за секој клуб.

Шкупи ќе стартува со Линколн Ред Импс во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа, доколку помине, ќе игра со Динамо Загреб. На македонскиот шампион му се даваат 0% шанси да заигра во групите на ЛШ, додека 1,4 е процентот да игра во групите на Лига Европа, додека најголеми се шансите да се најде во една од групите на Лигата на конференциите 29,1%.

Во зависност во кое претколо од ЛШ ќе испадне Шкупи, својот пат го продолжува во ЛЕ или ЛК.
Севкупно земено 30,52% се шансите Шкупи да заигра во групната фаза на едно од трите натпреварувања на УЕФА.

Интересно, дури четири шампиони имаат 100 отсто шанси за пласман во некоја групна фаза преку квалификациите. Тоа се Копенхаген, Трабзон, Црвена Звезда и Аполон. А Динамо Загреб котира високо со 99,99 отсто.

ПретходноДимитриоски е нов ракометар на Атлетико Ваљадолид
СледноФК Пелистер потпиша соработка со португалската Бенфика