Ташовски, еден од дебитантите: Ќе дадам се од себе да ги оправдам очекувањата!

684

СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева

Драган Бајиќ во Сарагоса поведе двајца дебитанти.  Виктор Ташовски и Рубин Стефанов ќе ја чекаат својата шанса да ги запишат првите минути во „црвено-жолтиот“ дрес, но истовремено треба да го убедат предводеникот на нашиот најдобар национален тим дека со право се викнати меѓу најдобрите.

„Голема чест и задоволство да се биде дел од најдобриот национален тим, ќе дадам се од себе да ги оправдам очекувања и довербата на селекторот Бајиќ. Имаме голема помош од поискусните кошаркари, што пак е од големо значење за нас младите играчи.

Не чека тешка средба, играме против актуелниот светски првак на гостински терен. Шпанија не е во најсилен состав, но тоа не менува ништо. Мора да играме цврсто во одбраната, ќе се обидеме да бидеме достоен противник, да го дадеме максимумот во националниот дрес“, вели Ташовски, кој по добрата сезона во дресот на ТФТ доби повик во првиот национален тим.

Македонија утре игра против Шпанија (19:30 часот) во Сарагоса, додека три дена подоцна је пречекува Украина во последниот квалификациски меч за пласман на СП 2023.

ПретходноХаос во Оран, спортистите оставени сами на себе, од МОК ги нема никаде!
СледноВалверде се врати на кормилото на Атлетик Билбао