Вагнер Гонзалвес Ногуеира де Соуза (26) најверојатно ќе биде уште едно ново име во таборот на Шкендија. Имено како што информира порталот „Инфоспорт“, Бразилецот кој има и француски пасош, моментално е играч на Дила, тим од Грузија и тетовци се подготвени да платат и трансферна отштета. Клубот од Грузија бара 100.000 евра, но сумата веројатно ќе биде нешто помала.
Преговорите биле во тек.
Инаку Вагнер може да игра на неколку места во нападот, а досега покрај тимот на Дила бил член на екипите на Кривбас, Дњипро-1, Динамо Батуми, Сабуртало, Серкл Бриж.
Со него како и со Влатко Стојановски и останатите во нападот, стратегот Артим Шаќири навистина ќе го боли главата кого да стави во тимот.