Заврши ерата на Кевин Дурент во тимот на Бруклин Нетс. Големата звезда во овој клуб мина три сезони и не успеа да стигне до нова титула во НБА лигата па поради тоа незадоволен од она што се случуваше во изминатиот период и официјално побарал да биде трејдуван.
Еден од најдобрите поентери во историјата на НБА лигата според неколку извори има да бира каде да продолжи, но го преферира тимот на Феникс Санс. Вечерва, а и во следните денови ќе биде „гужва“ во таборот на Нетси затоа што управата мора сега да одработи адекватен трејд односно размена за Дурент.
Kevin Durant has requested a trade out of Brooklyn, sources tell @TheAthletic @Stadium.
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 30, 2022