Ерлинг Халанд од пред неколку недели и официјално е нов член на Манчестер Сити, пребогатиот клуб од Премиер – лигата. Клуб кој посакува конечно да се најде на врвот на Европа. Токму затоа Норвежанецот беше баснословно платен од страна на “граѓаните“, и кога е така тогаш јасно е дека тој сега е цел на медиумите и спортската јавност.
Секој неков потег е проследен со коментари, а има и зошто.
Инаку Ерлинг знае да направи потег кој ќе ги вознемири социјалните мрежи.
Така и сега кога се фотографираше облечен во дресот на Џенова, на најстариот клуб во Италија.
Дали е ова поради тоа што Халанд навива за Џенова или пак сака да придобие симпатии во италијанската јавност само тој си знае, но факт е дека ова е нешто невообичаено.