Димитриоски е нов ракометар на Атлетико Ваљадолид

160

Македонскиот бек Димитар Димитриоски го направи својот прв интернационален трансфер, па следната сезона ќе ги брани боите на Атлетико Ваљадолид во шпанската АСОБАЛ лига.
Тој претходно играше за Еурофарм Пелистер 2, а беше и во Вардар и Металург, па во новиот клуб ќе работи со тренерот Давид Писонеро со кого работеше и македонскиот шампион Вардар.
„Тој е одличен ракометар, мултифункционален. Може да игра и како лево крило и како централен бек, момчето има цврст карактер, брз е и има квалитетен шут. Ќе ни даде многу опции посебно при контранападите или одбраната“, изјави Писонеро.

ПретходноМакедонија ЃП е во Банско, следуваат тест дуели со АПОЕЛ, Стеауа,….
СледноЕксперти му даваат на Шкупи 30,5% шанси дека ќе игра во групна фаза