Каква шлаканица за најтрофејниот фудбалер…и Специја не го сака!

751

Се чини дека деновиве Дани Алвеш ја доби најголемата шлаканица во својата пребогата кариера. Фудбалерот кој во изминатите две децении и повеќе како што игра професионаен фудбал, има освоено 42 трофеи, доби отказ од Барселона. Но тој сака по секоја цена да игра на СП во Катар и затоа мора под итно да пронајде клуб. И сега, барем според пишувањето на медиумите во Италија, офанзивниот бек самиот и се понудил на Специја, тим кој минатата сезона едвај избори опстанок во Серија А.

На запрепастување на сите, Специја го одбила Бразилецот со објаснување дека таков профил на играч не им е потребен.

Инаку Дани Алвеш се поврзуваше и со трансфер во Ваљадолид.

ПретходноТрансфер од 100.000 евра: Шкендија го засилува нападот со Бразилец! (ФОТО)
СледноДијамантот со барање до Наполи: Или поголема минутажа или трансфер!