Поранешниот фудбалер Анџело Ди Ливио тврди дека Рома би можела да потпише со Кристијано Роналдо ова лето. И покрај тоа што некои информации велеа дека Португалецот е важна алка од новиот тим на Ерик Тен Хаг, Ди Ливио тврди дека моментално се водат преговори со Рома.
„Имам потврда од неколку извори дека Рома се обидува да го ангажира Кристијано Роналдо. Според она што го дознав во последните денови, Рома навистина се обидува да го ангажира Роналдо и 7 јули може да биде датумот за објавување на договорот“, тврди поранешниот фудбалер на Рома и Јувентус.