Поп Ацев заврши 17-ти на 25-километарскиот маратон на СП во Будимпешта

77

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев денеска настапи на трката на 25 километри на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта, Унгарија.

Тој успеа да ја исплива патеката со време од  5:13:52.80 часа, со заостанување од 11:31.30 минути зад победникот Дарио Верани од Италија.

Со овој резултат Поп Ацев успеа да го освои 17-то место во оваа трка на која се појавија 25 пливачи, а 5 од нив не ја завршија трката.

ПретходноМакедонските кошаркари ги освојуваат срцата во Сарагоса (ФОТО)
СледноПрв работен ден: Валтер стартуваше со работа во Е. Пелистер (ВИДЕО)