Тотенхем го заврши договорот за ангажман на бразилскиот напаѓач Ришарлисон од екипата на Евертон. Според пишувањата на авторитетните англиски изданија бразилскиот репрезентативец се согласил на петгодишен договор, по неколкуте напорни и очигледно тешки денови за преговори со Евертон. „Карамелите“ на крајот прифатиле договор за отштета кој може да порасне и до 60 милиони фунти.
Доцна попладнево се очекува соопштение од Тотенхем со кое ќе се потврди трансферот, откако фудбалерот ќе ги мине лекарските прегледи.