Екс играчот на белгиските гиганти Лирс односно Стандард Лиеж, а последно играч на тимот на Черно Море, и интернационалец од Белгија, Фајсел Касми е нов играч на тимот на Брегалница.
Тој денеска како што дознава Спортмедиа пристигнал во Штип, и на првиот тренинг и импресионирал своите нови соиграчи.
Се работи за искусен 26. годишен играч за врска кој има потекло од Алжир и кој секако дека ќе биде големо засилување за Брегалница следната сезона.